Изберете го она што ви треба или пишете ни и закажете состанок
а ние ќе се погрижиме да добиете многу повеќе од што очекувате

Веб дизајн и развој

Изработка на ваша веб страница со уникатен дизајн и функционалности.

  • Визуелен дизајн
  • Поставување на содржина и структура
  • Програмирање
  • Поврзување со база на податоци
  • Оптимизација за сите уреди
  • Поврзување со Google, Yahoo, Bing и социјални мрежи.

E-комерц решенија

Изработка на е-комерц веб страници прилагодени за вашиот бизнис, преку кои ќе продавате секаде 24/7.

  • Изработка по примцип “Клуч на рака“
  • Дизајнирање на шопинг страната
  • Поставување на Front и Backend
  • Поставување на категории и структура
  • Поставување на производи
  • Поврзување со систем за плаќање
  • Дополнување со модули по желба
  • SEO оптимизација
  • Пуштање во употреба
  • Web analysis
  • Blog marketing

Граички дизајн

Се што ви треба за комплетен визуелен идентитет на вашата компанија:

  • Дизајн на лого
  • Дизајн на промотивни материјали
  • Флаери и брошури
  • Роло банери и билборди
  • Визит картички
  • Презентации
  • Печатени маици и униформи
  • Брендирање на возила

Интернет маркетинг

Најмоќните алатки за успешна промоција и доаѓање до вашите купувачи и корисници:

  • SEO оптимизација
  • Email маркетинг
  • Google Ads
  • Блогинг
  • Контент маркетинг
  • Видео и слајд презентации
  • Електронски каталози
  • Динамички веб страници

Facebook маркетинг

Најмоќната алатка денес за да се дојде до крајните корисници. Искористете ги сите можности кои ги нуди Facebook.

  • Креирање и менаџирање на фан страница
  • Менаџирање на содржини (фото, текст, видео)
  • Креирање на онлајн кампањи
  • Истражување и тестирање на публика
  • Ретаргетирање
  • Креирање на комплексни маркетинг системи за Facebook

Продажен инжинеринг

Градење на систем чекор по чекор за полесно да дојдете до вашите купувачи.

  • Анализа на продажен процес
  • Анализа на купувачи
  • Испитување на пазар
  • Испитување на конкуренција
  • Развивање на ефикасен продажен циклус

Што опфаќа Веб дизајн

Веќе е незамисливо во денешно време вашата компанија и бизнис да не се достапни преку веб.

Било да станува збор за агрегатор кој ги има објавено вашите податоци, или пак друг интернет сервис, вашиот бизнис веќе сигурно се наоѓа некаде на интернет.

Но зошто да се потпирате на други кога можете самите да го имате тоа.
Пробајте ги нашите услуги и направете ваш медиум каде детално ќе ги објавите информациите кои сакате да допрат до вашите корисници и ќе имате сопоствен медиум преку кој ќе можете да им се обраќате во секое време.

Се што ви треба се фотографии, текст и видео кои најдобро го претставуваат вашиот бизнис, а за дизајнот, изработката и имплементацијата ќе се погрижиме ние.

И тоа не е се!

Над 70% од корисниците денес пристапуваат на интернет преку нивните персонални уреди (мобилни телефони, таблети ). Затоа вашата веб страница ќе биде направена да се прилаготува на било кој уред од кој ќе биде отворена.

Имате потреба од дополнителни опции?

Само објаснете ни што би сакале а нашиот тим ќе се погрижи да добиете дополнителна функционалност на вашата веб страница.

Што опфаќа Е-комерцијата?

Сеуште немате ваша е-комерц страница?
Зошто да се ограничувате само на една локација и работно време од 8 часа кога можете да сте достапни 24/7, 365 дена во годината.

Е-комерц страниците се специјализирани веб решенија кои овозможуваат купувачите и корисниците да пристапат преку интернет до вашиот бизнис и да го купат производот или услугата кога и да посакаат и каде и да се.

Овој тип на водење бизнис веќе завзема голем дел од трговијата во Р.Македонија и се повеќе локални компании се доведени во прашање поради тоа што не го модифицираат нивниот начин на работа и не ги прифаќаат современите технологии.

Затоа не бидете едни од погоре наведените. Контактирајте не а ние ќе ви помогнеме да изградите целосен интернет бизнис и да ги искористите постоечките капацитети (без да креирате големи дополнителни трошоци) а да бидете достапни секаде.

Live Media е специјализирана за креирање на е-комерц решенија и овозможува флексибилен и поволен начин да почнете да заработувате преку интернет.

Што ви е потребно?

Се што ви треба е да ги имате производите на залиха, добар фото-апарат и слободно време кое ќе го искористите за да го креирате вашиот интернет бизнис.

Зошто ви е потребен дизајн?

Не залудно најголемите брендови имаат посветено милиони долари за развој на нивниот визуелен идентитет и лого.
Тоа е затоа што нивните корисници преку логото, дизајнот и боите го препознаваат идентитетот на брендот.

Она што ќе ве направи различни од другите е визуелниот идентитет кој ќе го креирате.  Затоа не штедете на она што ќе биде белег на вашиот бизнис во наредните години.

Што е Facebook маркетинг?

Убедниво еден од најпопуларните и најефективни начини на огласување и маркетинг е преку социјалната мрежа Facebook.

Со над 1 милион корисници од Македонија и над 2 милијарди ширум светот, претставува алатка преку која најлесно можете да дојдете до вашата целна група на купувачи.

Најголем дел од трговците и сервисите веќе ги користат можностите на Спонзорираните постови за да опфатат поголема популација со своите пораки. Но дали знаете дека Facebook нуди многу повеќе од тоа.

Ние во Live Media ги користиме сите позадински алатки, како и посебни стратегии за вашиот производ и услуга да допрат до вистинските купувачи.

Без разлика дали се бавите со продажба на храна, облека, обувки, вршите угостителска дејност, или пак провајдирате некаков друг тип на специфични услуги, со длабинска анализа ние можеме да ја зголемиме вашата продажба неколкукратно.

Сакате да ги видите нашите досегашни резултати и задоволни клиенти? Кликнете тука 

Што е продажен канал?

Секој производ или услуга има соодветна патека додека да дојде до соодветниот купувач. Секој производ или услуга исто така има и своја уникатна група на купувачи кои би сакале да го користат.

Затоа е многу важно да се процени кој е вистинскиот купувач и како да се дојде до него за да не се губи време и големи финнсиски средства.

Ние набљудуваме, анализираме и креираме целосен продажен канал за вас преку кој точно во чекори знаете каде е вашиот купувач, дали е “квалификуван“ за вашиот производ/услуга и кога ќе се одлучи да го направи чекорот.

Имате прашања?

Не чекајте. Можеби решението е блиску до вас

TOP